fbpx

Нова мистерија во случајот со Матеј: Која е таинствената девојка?

Нови детали за животот на исчезнатото момче

На патот од Сплит кон Белград, ден пред да исчезне, Матеј Периш наводно запознал девојка од Херцеговина на бензиска пумпа со која разменил телефонски броеви и останал во контакт до самото исчезнување.

„Матеј и неговите другари тргнале од Сплит кон Белград преку Загреб. Тие со нивно возило стигнале во хрватската метропола, па во една агенција изнајмиле комбе со кое се упатиле кон Србија. Наводно, попатно застанале на една бензиска да наполнат гориво и тука сретнале некои девојки од Херцеговина. Матеј разврзал муабет со една од нив, дури си размениле и броеви и продолжиле да се допишуваат целиот тој ден“, вели извор за „Курир“.

Комуникацијата ја прекинале дури доцна вечерта кога Периш излегол в град и останал без интернет.

„Се’ уште не е познато дали нешто конкретно се договорил со таа девојка. Се претпоставува дека планирале повторно да се видат во блиска иднина. Кога девојката слушнала што се случило, дека Матеј исчезнал и дека го бара цел регион, видно се вознемирила“, раскажува истиот извор.

ЗА ТАЈНАТА ВО СЛУЧАЈОТ СО МАТЕЈ ЗА КОЈА СЕ МОЛЧЕШЕ, ПРОЧИТАЈТЕ ОВДЕ!

Во меѓувреме, српската полиција два дена го пребаруваше Големиот воен остров и тоа по иницијативна на таткото на 27-годишниот Матеј. Информацијата дека можеби син му е жив во напуштена колиба на оваа локација, на Ненад му ја дала јасновитка од Словенија.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Мистериозни пораки: Матеј е жив! Лажат за сè!

Веќе 29 дена трае потрагата по Матеј Периш. Момчето од Сплит кое исчезна во Белград го потресе цел регион. Очекувано најмногу реакции има во неговата родна Хрватска. Коментарите под објавените вести за текот на истрагата се од крајност во крајност, а многумина преку ноќ станаа „експерти“ и делат совети како […]