fbpx

Преку некои работи не можев да поминам: Ирена проговори за разделбата со Орце

Љубовна драма за која досега молчеше

Ирена Спасовска конечно проговори за разделбата со Орце Гелевски, откако нивната љубов повторно се најде во фокусот на некои медиуми, иако двојката се разиде уште пред четири години.

Познатата фолк-пејачка во најискреното интервју досега отворено зборува за поранешниот партнер кој, пак, претходно наводно изјавил дека оставил жена и деца за неа, а дека таа го изневерила.

„Не знам дали Орце изјавил така. Башка, јас бев слободна и никого не изневерив, а тој беше иницијатор за врска, иако беше во брак. Според тоа, тој изневерил и не ги оставил жената и децата заради мене, туку за себе, за да си направи промена во животот од кој не беше задоволен. Тој најмалку има право да зборува за неверства.. или пак ќе речам, можеби неговите зборови на порталите се испревртени“, вели Ирена во интервју за „КликниМе“.

Пејачката признава дека имале убави 13 години, но дека тоа е веќе одамна завршена работа и дека малку е непристојно повторно да се отвара оваа тема.

„Преку некои работи не можев да поминам! Веројатно му беше шок и неверување, но јас едноставно не можам да живеам во лаги. Само едната страна кога сака не е доволно да се сочува врската“, искрена е таа.

На констатацијата од новинарот дека Орце очигледно се’ уште е вљубен во неа, таа реплицира:

„Му посакувам се најдобро, но јас сум жена која тешко се заборава“.

За „аферата“ со шеикот, но и за нејзиниот моментален љубовен статус, исто така зборува во интервјуто кое може да го прочитате ОВДЕ!

Следни Објави

Нова мистерија во случајот со Матеј: Која е таинствената девојка?

Нови детали за животот на исчезнатото момче На патот од Сплит кон Белград, ден пред да исчезне, Матеј Периш наводно запознал девојка од Херцеговина на бензиска пумпа со која разменил телефонски броеви и останал во контакт до самото исчезнување. „Матеј и неговите другари тргнале од Сплит кон Белград преку Загреб. […]