fbpx

Ненадејна смрт: Која е првата сопруга на Александар Вучиќ?

Во Белград на 56-годишна возраст ненадејно почина Ксенија Вучиќ, поранешната сопруга на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој самиот ја потврди тажната вест на социјалните мрежи.

„Вечерва во Белград, ненадејно почина мајката на нашите две деца, Данило и Милица, и моја прва сопруга“, напиша Вучиќ на „Инстаграм“.

Ксенија беше долгодгодишна новинарка. Дипломирала Историја на уметноста на Филозофскиот факултет.

Пред да стане уредник и водител на емисијата „Правац“ на телевизија Пинк, работела во магазинот „Српска реч“ и радио „Фокус“.

Вучиќ го запознала 1995 година како домаќин на неговиот дуел со Александар Чотриќ. Се венчале две години подоцна, а се разделиле 2011 година.

Меѓу политичарите од регионот и светот кои ги интервјуирала е и поранешниот македонски премиер Никола Груевски.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Оваа слика за Матеј во телефонот на Маја ги шокира сите (ФОТО)

Нова мистерија Исчезнувањето на 27-годишниот Матеј Периш предизвика големо внимание во целиот регион. Освен српската и хрватската полиција, во истрагата се вклучија и граѓани кои во разни групи на социјалните мрежи го анализираат секој детаљ од случајот. Овојпат, повторно во фокусот се најде Маја Сопта и мистериозната мапа на нејзиниот […]