fbpx

Шокантни детали: Оваа девојка е пресудна за исчезнувањето на Матеј?

Пред точно еден месец во Белград исчезна 27-годишниот Матеј Периш.

Таткото на момчето од Сплит не губи надеж и се’ уште верува дека неговиот син е жив.

Освен српската и хрватската полиција, во истрагата се вклучија и граѓани кои во разни групи на социјалните мрежи го анализираат секој детаљ од случајот.

Многумина прстот го вперуваат кон Маја Сопта, особено откако медиумите објавија за мистериозната мапа во нејзиниот телефон која се поклопува со рутата по која трчал Матеј кобната ноќ.

Не е мал бројот на оние кои се сомневаат во искреноста на нејзините изјави, откако таа во исповед за ТВ Прва потврди дека е последната личност која Периш се обидел да ја добие пред да исчезне.

„Жал ми е што не се јавив, тоа ми е најголема болка од се’.. Затоа што можеби ако ме информираше дека доаѓа во Белград, би му кажала каде да одат, што да прават“, низ солзи раскажа, покажувајќи го пред јавноста и пропуштениот повик во 22:29 часот на 30-ти декември.

На српските власти, пак, Маја наводно им раскажала дека Матеј се занимавал со напорна работа, дека бил многу амбициозен и дека за да постигне се’ што ќе зацртал користел опијати.

НА ИСТАТА ТЕМА:

Виден е: Нешто чудно се случи со Матеј, сите се шокирани

За сомнителното минато на нејзиното семејство пишуваше и хрватскиот портал „Империјал“.

Судејќи по објавите на социјалните медиуми, Маја и нејзиниот брат, инаку близок пријател на Матеј, воделе луксузен живот. Тие наводно се внуци на шефот на сплитската УДБА кој наводно го поврзувале со убиство на емигранти, напиша порталот.

Фото: Фејсбук/Принтскрин

 Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Пред само девет дена се прости од Рахимовски: На 21 година почина познатата актерка

Од последици на акутна леукемија на 21-годишна возраст почина актерката Достана Николиќ. Глумеше во повеќе српски серии, а студираше на Академијата за уметност во Нови Сад. Нејзините колеги неодамна на социјалните мрежи апелираа за помош и иницираа собирање на средства за нејзиното лекување. Пред само девет дена, таа на „Фејсбук“ […]