fbpx

Беше ладно и не повикавме Брза помош: Бабата на починатото двегодишното дете со потресно сведоштво

Д.Т. која била со ќерката во станот кога се случила несреќата раскажа неверојатна приказна

Трагедија го вознемири целиот регион откако двегодишно дете од Ниш почина од изгореници кои ги здобил од врела вода во тоалетот.

Неговата баба Д.Т., која била во домот со мајката на момчето кога се случила несреќата, на полицијата се обидела да ѝ објасни зошто не повикале Брза помош, туку тешките рани ги намачкале со некаков мелем.

„Бабата раскажа дека двете деца биле во едната соба, додека момчето само отишло во купатило, се наведнало над кадата и пуштило врела вода. Тогаш, како што ни изјави, паднал во кадата и се попарил. Таа ни раскажа дека нејзината ќерка одлучила да не повика Брза помош бидејќи мислела дека повредите не се страшни и дека ќе можат да ги излекуваат со крем за изгореници од аптека. Исто така, навела дека било ладно, па дека и тоа ќе помогнело раните побрзо да зарастат“, раскажува извор близок до истрагата.

Полицијата против неа поведе кривична постапка, а на мајката Т.С. ѝ е одреден триесетдневен притвор поради негрижа за детето.

Починатото момче (лево)

Обдукцијата треба да покаже која е точната причина за смртта, но и дали детенцето претходно било малтретирано, затоа што имало и повреди кои наводно не се од врела вода.

„Се утврдува и како кобната ноќ детето успеало да заспие, бидејќи имало изгореници од трет и од четврти степен по целото тело, што е неверојатно болно. Инаку, мајката и бабата раскажале дека во саботата, околу три часот по полноќ, забележале дека детето не диши“, вели истиот извор.

Уапсената мајка има уште две деца, од кои едното е бебе. Од Центарот за социјална работа потврдија дека децата ќе бидат згрижени додека не се расчисти случајот.

Фото: Социјални мрежи

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Нашата ќерка победи: Мајката на Викторија со емотивно обраќање

Драги хумани пријатели, Чест и задоволство ни е да ве известиме дека битката што ја водевме веќе една година ја извојувавме со Викторија (победа) благодарение на сите вас. Јас и целата моја фамилија ви сме благодарни на сите кои помогнавте да се излечи нашата ќерка Викторија. Слава на Бога, Викторија […]