fbpx

Неочекувано: Таткото на Матеј тврди дека лажат за ОВА!

Помина еден месец откако исчезна 27-годишниот Матеј Периш, момчето кое со шест свои другари на 30 декември пристигна во Белград за прослава на новогодишната ноќ.

Неговиот татко Ненад не губи надеж дека неговиот син е жив.

„Нови информации, за жал, нема, но јас се надевам дека ова не е крај. Што се однесува до неговите пријатели, вклучувајќи ја и пријателката Маја, по заклучоците на јавноста, се тие со кои Матеј последно бил во контакт и по некоја логика, која не мора да биде вистинска, мора да знаат каде тој заминал“, вели Периш и порачува дека тој лично мисли дека таа логика не е точна.

Оваа слика за Матеј во телефонот на Маја ги шокира сите (ФОТО)

Ненад истакнува дека тие кажале се’ што знаеле.

„Откако Матеј се одалечил, повеќе не го виделе. Не знаат зошто се одалечил. Имаат желба да реагираат по сите натписи во медиумите, тоа е толку болно и јас комплетно ги разбирам. Нивна работа е како понатаму ќе реагираат, тие се психички во шок. Тоа се млади луѓе, ова им е навистина тешко“, вели тој.

Ненад чека чедото да му се појави.

„Мислам дека Матеј сакал некаде да замине. Не да побегне, туку да замине. Затоа и се обидел да застане три такси-возила, но само еден возач му излегол во пресрет“, продолжува тој.

На прашањето дека Матеј и неговите пријатели сакале разни предизвици, тој порачува дека не верува во тоа.

Што се однесува до мобилниот, Периш вели дека Матеј имал нов телефон кој можел да биде во вода до половина час. Купил токму таков затоа што бил скипер.

„Тој мобилен, ако бил во вода, би дал сигнал по два и пол часа. Тоа е она што збунува, дали е можно телефон по два и пол часа да покаже сигнал? Дали е можно да се појави на површина? Мене тоа, благо кажано, ми е многу чудно. Врз база на овие претпоставки не може да се заклучи ништо. Може само да заклучиме дека тоа е една дилема која може да се реши на еден друг начин, тоа се недоволно информации“, објаснува.

НА ИСТАТА ТЕМА:

Неочекувано: Тајна во случајот со Матеј за која се молчеше

Шокантни детали: Оваа девојка е пресудна за исчезнувањето на Матеј?

Ненад додава дека неговиот син бил фокусиран на работата, образованието, на пријателите и на спортот.

„Немав сознанија дека се користени опијати. Во комбето.. Знам дека пиеле, млади луѓе се тоа.. За друго не би сакал да коментирам, јас таков каков што некои се обидуваат да го претстават не го познавам“, завршува тој.

Фото: Принтскрин

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Беше ладно и не повикавме Брза помош: Бабата на починатото двегодишното дете со потресно сведоштво

Д.Т. која била со ќерката во станот кога се случила несреќата раскажа неверојатна приказна Трагедија го вознемири целиот регион откако двегодишно дете од Ниш почина од изгореници кои ги здобил од врела вода во тоалетот. Неговата баба Д.Т., која била во домот со мајката на момчето кога се случила несреќата, […]