fbpx

Се вљубивме пред четири години, сонуваше да стане професор: Момчето на прегазената Викторија си ја отвори душата

Нашата љубовна приказна започна пред четири години. Се запознавме преку заеднички пријатели. По неколку дружби и забави, решивме да бидеме во врска, открива Леонид Даов, момчето на 24-годишната Викторија Николова која на 20 јануари беше прегазена кај „Сити мол“. Во искрено интервју за „Женски магазин“ тој отворено зборува за својата девојка.

„Дипломираше на филолошки факултет, отсек англиски јазик во Штип, со најголем просек во генерацијата. Беше запишана на магистерски студии. Работеше секое лето по програмата за размена на студенти во Германија. Сакаше да ги заврши магистарските студии и сонуваше да стане професор по англиски јазик. Планираше повторно работа во Германија. Во план ни беше и прво заедничко патување“, раскажува Даов, студент на факултетот за информатички науки и компјутерско инженерество во Скопје, вработен како програмер во програмерска компанија.

Леонид открива детали и за последните часови поминати со Викторија пред трагедијата.

„Како и секој работен ден, станав и се подготвував за на работа. Таа ми направи појадок. Го земав и заминав. Додека бев на работа, таа учеше за предметите кои требаше да ги полага на постдипломските студии. Се вратив од работа и го подготвивме едно од нашите омилени јадења. Ручавме и одлучивме да отидеме на шопинг во Сити Мол. На враќање, за жал се случи кобниот настан. По ударот веднаш се најдов на земја. Прва помисла ми беше како е Викторија. Додека лежев веднаш го свртив погледот на десно и видов дека таа е многу оддалечена од мене. Собрав сила, станав и истрчав кај неа, за да ѝ пружам помош“, открива Леонид.

Следни Објави

Сведоштво за Ембла: Бев фасцинирана од топлината на татко ѝ, се сеќавам на очите полни љубов на мајка ѝ

Читам за она што и се случувало на малата Ембла и нејзиното семејство од Гостивар. Ги познавам луѓето – прекрасни, одмерени, тивки. Ги запознав случајно и спонтано дојдовме до идејата нивната приказна да биде дел од книгата „Живот вреден за живеење“. Бев фасцинирана од топлината и посветеноста на нејзиниот татко, […]