fbpx

Почина од корона два дена по роденденот: Се огласи синот на Весна Најдоска

Неверојатна жена и прекрасен возач. Вака колегите и пријателите ќе ја паметат Весна Најдоска, професионален возач во ЈСП која ја загуби битката со смртоносниот вирус.

Нејзиниот син Мартин за „Фокус“ открива дека починала на 30 јануари, два дена по јубилејниот 50-ти роденден.

„Со упорност и многу љубов ѝ се оствари желбата да биде возач на автобус и тоа го правеше посветено до крајот на животот. Ни остави само убави спомени нам, на билсиките, но и на патниците кои многу ја сакаа, на колегите од ЈСП кои ја почитуваа.. Се сеќавам дека пред неколку години таа беше во соседна Бугарија, на интернационален натпревар во возење на автобус. Беше единствена жена учесничка, но сепак успеа да освои прво место. Никогаш нема да биде заборавена“, раскажува тој.

Следни Објави

Петар двапати ја измами смртта: Еве што му помогна!

Познатиот српски новинар, рок-критичар и публицист Петар Пеца Поповиќ веќе полни 38 години живее со срцево заболување. Неговото срце денес чука благодарение на Имплантабилен дефибрилатор на кардиовертер (ICD) и тоа по 13 стентови, осум бајпаса, седум инфаркта, четири операции и дури две соочувања со клиничка смрт. „Сите во моето семејство починаа од […]