fbpx

Со гласовите на пет луѓе го победи „Супермен“: Која е пејачката што ќе нè претставува во Торино?

Младата пејачка Андреа Коевска во мај ќе не’ претставува на евровизискиот избор во Торино, Италија.

Иако нејзиниот проект Circles доби идентичен број на бодови со далеку пофаворизираната тема „Супермен“ на Виктор Апостоловски, според пропозициите на ЕБУ победник е тој што имал повеќе поени од стручното жири.

Или во превод, мислењето на само пет луѓе (МРТ одлучи за наш претставник да гласаат шефовите на евровизиските делегации на Малта, Израел, Грузија, Исланд и Ерменија) е поважно од 12.621 граѓани колку што гласаа за Апостоловски. За споредба, Андреа од публиката доби само 4.300 гласа.

Која е Андреа?

За оние кои вистински ја следат домашната поп-музика, Андреа не е ново име на естрадата. Речиси сите снимени синглови досега ѝ се соработка со докажаниот автор и продуцент Александар Масевски.

Според нејзината биографија објавена на сајтот на МРТ, нејзината музика за само десет месеци е стримувана повеќе од девет милиони пати на платформата Тик Ток и 2.2 милиони пати на YouTube. Песните на Андреа се вртат на повеќе до 200 радио станици во 40 земји, вклучувајќи ги САД, Англија, Канада, Германија, Франција и Италија.

Домашната публика најмногу ја препознава по хитот I know.

За песната Circles со која ќе патува во Италија вели дека е приказна од нејзиниот живот.

„Кога ја создавав песната, поминував низ такви кругови на релација со одредени луѓе, и едноставно го преточив тоа во песна“, раскажа неодамна.

Ј.П.

Фото: Фејсбук/Eurovision Macedonia/Andrea

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Веруваме дека Матеј е жив: Игор кажа нешто неочекувано

И по 36 дена интензивна потрага, нови информации за Матеј Периш кој исчезна ноќта помеѓу 30 и 31 декември се’ уште нема. Хрватската полиција повторно пристигна во Белград за да види во која насока се води случајот по исчезнувањето на 27-годишното момче од Сплит. За соработката на хрватската и српската […]