fbpx

Веруваме дека Матеј е жив: Игор кажа нешто неочекувано

И по 36 дена интензивна потрага, нови информации за Матеј Периш кој исчезна ноќта помеѓу 30 и 31 декември се’ уште нема. Хрватската полиција повторно пристигна во Белград за да види во која насока се води случајот по исчезнувањето на 27-годишното момче од Сплит.

За соработката на хрватската и српската полиција се огласи и Игор Јуриќ, основачот на Центарот за исчезнати и злоставувани деца.

Неочекувано: Таткото на Матеј тврди дека лажат за ОВА!

„Мислам дека сега е клучна ваквата соработка затоа што со помош на базните станици и мобилниот може да се дојде до одредени докази. Тој начин беше клучен и во пронаоѓањето на телото на Тијана. Баш поради тоа што базната станица фатила сигнал два и пол часа потоа, имаме надеж дека Матеј би можел да биде пронајден жив“, заклучува тој.

Игор нагласува дека уште една олеснителна околност во потрагата е што се намалил водостојот на реката и дека сега пристапот е полесен.

Дека Матеј ќе биде пронајден жив, не губи надеж ниту неговиот татко Ненад.

„Мислам дека Матеј сакал некаде да замине. Не да побегне, туку да замине. Затоа и се обидел да застане три такси-возила, но само еден возач му излегол во пресрет“, изјави тој.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Почина малиот Рајан од Мароко само половина час откако го спасија

Петгодишното момче помина четири дена во бунар Почина Рајан (5) од Мароко, момчето кое беше заробено во бунар длабок 32 метри и чие спасување траеше цели четири дена. Како што наведува Ал Џезира Мароко, стигнала официјална информација дека тој не ја преживеал операцијата. Работниците со механички копачи деноноќно се обидуваа […]