fbpx

Вистински херој: Храброста на Мартин од Тетово ги трогна сите

Не стивнуваат реакциите во јавноста по големиот пожар што се случи минатиот петок во Тетово. За среќа, никој не настрада, а можеби и најзаслужен за тоа е 25-годишниот Мартин Малетиќ, храбро момче од соседството.

„Да не беше тој, домаќинот на куќата сигурно немаше да биде помеѓу живите“, коментираат сите.

Очевидци на настанот раскажуваат дека Мартин влегол во куќата и по цена на својот животот.

„Се втурна во бесниот оган и му го спаси животот на соседот. Вистински херој“, велат тие.

Мартин подоцна се сретна и со македонскиот претседател Стево Пендаровски.

„Подготвеноста да се ризикува својот живот за другите е карактеристика на хероите. Чест ми е што го запознав младиот херој Мартин Малетиќ, кој во неодамнешниот пожар во тетовската населба Колтук му го спаси животот на својот сосед. Неговата храброст и пожртвуваност заслужуваат огромно признание и восхит“, напиша Пендаровски на својата официјална фејсбук-страна.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Д-р Јанковиќ објаснува: Омикрон се пренесува за само неколку секунди

Д-р Радмило Јанковиќ, заменик-директорот на УКЦ Ниш, вели дека епидемиолошката слика е комплексна бидејќи новиот сој е исклучително вирулентен. „Потребни се само неколку секунди за овој вирус да помине од едно лице на друго. Инфицира голем број луѓе, дури и оние кои претходно биле заразени и вакцинирани“, нагласува тој. Појаснува […]