fbpx

Во секое дете го барам мојот син: Потресна исповед на мајката на Драган

Тешко ми е кога одам по улица и кога гледам други деца. Во секој од нив си го барам мојот син. Некои и ќе ме забележат, па веднаш ја спуштам главата, едноставно се срамам, вели мајката на 15-годишниот Драган Дрљиќ, момчето кое пред точно една година си го одзеде животот поради невозвратена љубов.

Класната на Драган и неговите школски другари вчера се собраа на неговиот гроб. Најдобриот пријател отсвири три песни, истото момче кое свиреше и на погребот, пренесувааат српските медиуми.

„Плачев кога ми кажаа што планираат, но не од тага.. Бев трогната затоа што мојот Драган не е заборавен“, вели Данијела Дрљиќ, мајката на тинејџерот чие безживотно тело лани полицијата го пронајде во реката Тамиш.

Таа раскажува дека датумот на кој Драган починал ја обележал фамилијата за цел живот.

„На роденденот на баба му го донесоа мротв во семејниот дом. Мојот сопруг сега е во болница. Од стрес му пукна дебелото црево, денеска повторно ќе го оперираат“, открива Данијела.

Истрагата за настанот кој минатата година го вознемири целиот регион потврди дека Драган го испланирал самоубиството до најситни детали. Неколку дена пред трагичниот настан раскинал со девојката и тоа силно го погодило. На блиските им рекол дека животот повеќе му нема смисол.

За девојката подготвил проштално писмо и подарок (нејзините омилени стрипови). Ги оставил кај негова блиска другарка на која ѝ напоменал да не ги отвора наредниот ден до 16 часот.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Вистински херој: Храброста на Мартин од Тетово ги трогна сите

Не стивнуваат реакциите во јавноста по големиот пожар што се случи минатиот петок во Тетово. За среќа, никој не настрада, а можеби и најзаслужен за тоа е 25-годишниот Мартин Малетиќ, храбро момче од соседството. „Да не беше тој, домаќинот на куќата сигурно немаше да биде помеѓу живите“, коментираат сите. Очевидци […]