fbpx

Перо, почивај во мир: Неверување, имаше само 22 години

Во сообраќајна несреќа која се случила во петокот околу 23:50 часот во Велика Горица загина 22-годишниот фудбалер Петар Бартолиќ, потврди хрватската полиција.

Младиот спортист смртно настрадал на лице место, а 21-годишен тешко повреден патник е итно пренесен во Клиничкиот болнички центар Загреб.

Петар играше за ФК Мрацлин, а неговите соиграчи се во шок и неверување по трагедијата.

„Драги пријатели, огромна тага.. Во сообраќајна несреќа загина нашиот играч, нашиот драг Перо.. Надвор од теренот беше ненаметлив, секогаш подготвен за шега и насмевка, но на теренот беше брз, одличен дриблер, играч кој за неколку секунди знаеше нашите навивачи да ги возбуди до лудило.. На семејството и на пријателите им посакуваме сила да ги издржат овие моменти. Перо, почивај во мир“, стои во нивната објава.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Избодена до смрт: Почина Марина, четири деца останаа без мајка

Мајка на четири деца почина на влезот од својот дом, а нејзиното семејство ѝ оддаде почит додека полицијата го бара убиецот Марина Шабан, 41-годишна жена од Велика Британија е избодена до смрт, јавуваат светските медиуми. Скршена од болка, на јавноста ѝ се обрати нејзината мајка и побара сите кои имаат […]