fbpx

Македонската натпреварувачка исфрлена од „Ѕвездите на Гранд“: Еве зошто!

Македонската кандидатка Валери Димовска која блесна во актуелната сезона на „Ѕвездите на гранд“ нема да ја гледаме во понатамошното натпреварување, објави продукцијата.

Талентираната 24-годишна велешанка е дисквалификувана бидејќи не се појавила на последното снимање.

„Бев болна кога се снимаше третиот круг, не можев да отпатувам за Белград и затоа сум дисквалификувана. Ќе се пријавам повторно следната сезона“, потврди Димовска.

НА ИСТАТА ТЕМА:

После сѐ, утеха најде во музиката: Која е Македонката која блесна во „Ѕвездите на Гранд“?

Валери дебитираше на подиумот во „Ѕвездите на Гранд“ со песни од Тијана Богичевиќ и Анастасија Ражњатовиќ и заслужено ги доби сите шест гласови од жирито. За свој ментор го одбра Ѓорѓе Давид.

Фото: Гранд онлајн/Принтскрин

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Шокантен пресврт во случајот Матеј: И порано го правел ОВА!

Нови детали од потрагата по исчезнатиот 27-годишен Матеј Периш од Сплит објави новинарот Младен Мијатовиќ во утринската програма на ТВ Пинк. Тој откри дека Матеј и неговите пријатели со кои тргнал од Хрватска за Белград, прво застанале во Загреб да изнајмат комбе, но купиле и синтетичка дрога. Како што наведува […]