fbpx

Со години ја малтретираа: Каде исчезна најубавата жена од Југославија?

Прекрасната сплиќанка Ана Сасо беше една од најпосакуваните жени во поранешна Југославија.

Иако имаше бројни додворувачи, таа одбра мажи кои со години ја малтретираа и животот ѝ го претворија во пекол.

Во 1982 година, Сасо беше прогласена за Мис на Југославија, а на изборот за Мис на светот влезе меѓу 15-те најубави жени.

Не постои маж на овие простори којшто не се сеќава на неа во мокра маичка од секси рекламата за еден освежувачки пијалок.

Кога и официјално стана најубава, Ана се стекна со огромна популарност, но тоа не ѝ донесе среќа во љубовта.

Манекенката беше во брак со „кралот“ на ноќните забави, Ненад Баре Теклиќ. Тој го возеше првото Порше во Сплит и во период од три децении ги отвори најубавите локали и клубови во Далмација. Го поврзуваа и со познатата пејачка Дорис Драговиќ, а пред неколку години загина во сообраќајна несреќа.

Сасо беше во брак и со Игор Францески. Рибар и правник кој бесрамно ја изневеруваше со помлади девојки. Го остави, а две години по разводот тој беше уапсен во неговиот стан во Сплит поради организирана проституција.

Последната информација е дека Ана е во врска со доктор, но таа никогаш отворено не проговори за љубовниот живот.

Факт е дека и во шесттата деценија изгледа феноменално, а доказ за тоа се и фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Така ја изгубив невиноста, се срамев: Пејачката детално го опиша силувањето

Преживеала голема траума Уште една ѕвезда призна дека била силувана кога била малолетна, а станува збор за британската пејачка Софи Елис Бекстор, најпозната по денс-нумерата Murder on the Dancefloor. Во новите мемоари Spinning Plates призна дека на 17-годишна возраст ја силувал гитаристот Џим кој тогаш имал 29 години, пишува „Дејли […]