fbpx

Така ја изгубив невиноста, се срамев: Пејачката детално го опиша силувањето

Преживеала голема траума

Уште една ѕвезда призна дека била силувана кога била малолетна, а станува збор за британската пејачка Софи Елис Бекстор, најпозната по денс-нумерата Murder on the Dancefloor.

Во новите мемоари Spinning Plates призна дека на 17-годишна возраст ја силувал гитаристот Џим кој тогаш имал 29 години, пишува „Дејли меил“.

Пејачката откри дека инцидентот се случил пред 25 години. Софи била во публиката, а музичарот по концертот ја поканил во неговиот стан да погледне некои книги.

„Следно на што се сеќавам е дека почнавме да се бакнуваме. Наеднаш се најдовме во неговиот кревет, а тој ми ги соблече гаќите. Се слушнав себеси како му велам „НЕ“ и „НЕМОЈ“, но не ме послуша. Имаше се*с со мене. Ми беше срам. Така ја изгубив невиноста и се чувствував глупаво. Се сеќавам дека „блеев“ во неговата полица со книги и само размислував за тоа како сега е готово и како морам да дозволам тоа да се случи“, раскажа таа.

Вели дека нејзиното искуство не било насилно и дека се’ што се случило е тоа што не ја послушал.

„Во собата беа две личности. Едната сакаше, другата велеше „НЕ“, но сепак се случи. Не ме слушна кога имав 17, но мислам дека сега дефинитивно ќе ме слушне“, заклучува.

Лејди Гага исто така призна дека ја силувал музички продуцент кога имала 19 години, а Аланис Морисет во документарецот Jagged раскажа како повеќе момчиња сек*уално ја злоставувале кога имала 15 години.

Фото: Принтскрин/Профимедија

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Се падна 7-ка на Лото, среќниот добитник освои над 440.000 евра

Во вечерашното извлекување на Лото на Канал 5 телевизија се падна највредната добивка – седумката. Среќникот ќе добие 27,3 милиони денари, или над 440.000 евра. Ливчето е уплатено во Кочани, но засега не е познат идентитетот на добитникот. Следното коло, се ресетира сумата и играчите ќе се борат за 7 […]