fbpx

Срцето ме боли што ви беше мачен крајот: Почина Тоде Новачевски

Почина докажаниот македонски музичар Тоде Новачевски.

Тажната вест ја потврди и познатата новинарка и критичарка, етномузикологот Бранка Костиќ-Марковиќ.

„Драг мој професоре, нека ви е светол патот. Срцево ме боли што ви беше мачен крајот и се надевам дека отидовте во свет без болка. Ви благодарам за уката што ни ја дававте со таква питомост и љубов, да ја паметиме цел живот. Секогаш ќе ме потсетувате на најубава хармонска прогресија. Почивајте во мир“, напиша таа на „Фејсбук“.

Пред неполна година Новачевски како никогаш досега си ја отвори душата и проговори за заканите по живот откако се преселил во Австралија, за разводот со пејачката Маријана, но и за болеста.

Неговата животна приказна прочитајте ја ОВДЕ!

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Почивај во мир, Тоде мој: Зборовите на поранешната сопруга Маријана ќе ве расплачат

По долго и тешко боледување почина Тоде Новачевски, легендарен македонски композитор кој со децении живееше и работеше во Австралија. Тој е автор на евергрините „Признавам“, „Ако не исчезнам“ и „Свири ми брате цигане“, а ја напиша и музиката за серијата „Трст виа Скопје“.  НА ИСТАТА ТЕМА: Закани по живот, развод, […]