fbpx

Виден во македонски хотел? Нови шокантни детали за Матеј Периш

Бранко Лазаревиќ, пензиониран загрепски криминолог и експерт за потраги, пред малку сподели нови шокантни детали за исчезнатиот Матеј Периш.

Наводно на почетокот на годината добил интересен повик од нашата земја за кој одлучи конечно да проговори.

„На почетокот на јануари ми се јави вработена во еден македонски хотел уверувајќи ме дека го видела Матеј. Но, информацијата се покажа како лажна. За две децении колку што работев во полиција, секогаш сум реагирал на дојави, па и на оние од јасновидци. Иако се покажа дека повеќепати биле лажни, се’ мора да се провери. Секој полицаец мора апсолутно сериозно да ја сфати дојавата и да ја истражи, за да нема потоа дополнителни сомнежи дали исчезнатата личност навистина била на таа локација, а службениците не го проверија теренот“, појаснува Лазаревиќ.

Во меѓувреме, не стивнуваат реакциите во јавноста откако хрватска манекенка објави на „Инстаграм“ дека во Минхен видела момче кое, како што напиша на „Инстаграм“, е ист како исчезнатиот Матеј Периш.

Што се’ нашиша во пораката, прочитајте ОВДЕ!

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Барем пола од твојата добрина да остане кај нас: Македонија тагува по Грозданов

Почина д-р Колчо Грозданов, специјалист-уролог. Тажната вест ја потврдија од ЈЗУ Општа болница Охрид. „Со неизмерна тага се простуваме од нашиот верен колега, искрен пријател и пред сѐ голем човек. Патувај во Царството Небеско и нека ти е Вечен споменот. Искрено сочувство од колегите од Уролошкото одделение и од сите […]