fbpx

Го хранев, само му течеа солзи: Потресно сведоштво на Маријана за последните денови на Тоде Новачевски

Последните денови од неговиот живот ми ја распараа душата и ќе ги паметам додека сум жива. Секој ден одев болница и додека можеше да јаде и пие го хранев. Цело време ме држеше за раце. Многу ми е тешко, многу жално и потресно.

Ова е дел од ексклузивното сведоштво на пејачката Маријана Новачевска, поранешната сопруга на легендарен македонски композитор Тоде Новачевски кој почина по долго и тешко боледување.

Таа за ММС си ја отвори душата и проговори за најболното време кое го поминала со него пред да замине засекогаш. Вели дека сестра му и нивните две деца многу тешко ја поднесуваат загубата.

„Тоде трпеше голема болка и последните денови му ја дуплираа дозата. Пред крајот лекарот ми кажа дека тој веќе не е свесен за да контактира со нас, но дека може да не слушне. Тогаш, му ставив слушалки и на мобилниот му ги пуштав сите наши заеднички песни за да ги слуша. Беше премногу слаб за да реагира, само му течеа солзи низ образите. Плачеше тој, а плачев и јас. Се изнаплакавме заедно во болница. Тешко е, многу е тешко, и за мене и за децата и за целото семејство. А најмногу е тешко за него, истрпе многу големи болки. Животот навистина пишува романи, а секоја страничка е борба и надеж. Ние сите никогаш не престанавме да го сакаме нашиот Тоде“, раскажува Маријана за ММС.

Следни Објави

Како од списание: Ќерките на Панки се убавици (ФОТО)

Панки, пејачот на популарниот состав „Куку леле“, има со што да се гордее. Неговите две ќерки не сака да ги експонира јавно, но кога има некој повод знае да објави фотографии со нив на социјалните мрежи. Поголемата Јана Каимовска има 20 години и е вистинска убавица. И помалата Каја исто […]