fbpx

Почивај во мир, добар човеку: Македонија тагува по Ивановски

Почина Менде Ивановски, претседател на македонската асоцијација на земјоделски задруги во државата, како и претседател на управниот одбор на земјоделската задруга „Ресгруп“ од с. Волкодери, Ресен.

Тажната вест ја потврди и семејството на неговиот фејсбук-профил.

„Почина нашиот сакан сопруг, татко, свекор, брат и пријател“, стои во објавата.

Оние што го познаваа го опишуваат како исклучително позитивна личност.

„Почивај во мир, добар човеку“, е само еден од коментарите на социјалните мрежи.

Ивановски беше поборник за здружување на земјоделците во задруги, кои овозможуваат поголема конкурентност, пристап до пазарите, поголем профит, намалување на производните трошоци..

„Земјоделците треба да знаат дека само здружени и преку форми на задруги може да имаат решение за нивните проблеми околу пласманот на производите. Сѐ уште кај нив влијае искуството од порано во времето на СФРЈ и како функционираа задругите тогаш, но сепак се трудиме да го надминеме ова размислување“, изјави тој во интервју за Агротим пред две години.

Фото: Фејсбук

Следни Објави

Ослабна дури 85 килограми: Пејачката од „Ѕвездите на „Гранд“ е непрепознатлива (ФОТО)

Учесничката во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, Крстиња Тодоровиќ, кога првпат се појави пред камерите имаше 142 килограми. Талентираната пејачка направи операција за стеснување на желудникот и за година и половина успеа да ослабне неверојатни 85 килограми. Во меѓувреме, Тодоровиќ наводно направила и оперативен зафат за отстранување на вишокот кожа. […]