fbpx

Внимавајте! Со овие здрави навики имате трипати поголем ризик за инфаркт

Многумина од нас, освен за постигнување на добра форма и ибликување на совршено тело, во теретана одат и малку да се „издуват“ од сите фрустрации насобрани во текот на денот. Во едно ново истражување се тврди дека оваа рекреативност може да биде многу опасна за нашето здравје.

Тестирањето било направено на 12.500 пациенти кои преживеале инфаркт и кои детално опишале што работеле еден час пред да се соочат со срцев удар. За подобра споредба, тие се согласиле да опишат и што им се случувало и како се чувствувале и ден претходно. Истражувањето покажало дека поголемиот дел од нив на еден час пред инфарктот биле или лути и вознемирени или вежбале во теретана.

По анализата на податоците, експертите заклучиле дека нерасположеноста и вежбањето го дуплираат ризикот од срцев удар. Уште понеповолна е ситуацијата кога вежбате нерасположени. Тогаш опасноста по вашето здраве е тројно поголема.

Научниците појасниле дека во тие моменти крвните садови се стеснуваат и поради тоа не може до срцето да се испумпа доволно крв. Иако овие резултати се загрижувачки, теба да се каже дека истите се однесуваат на ризичните групи.

– Ако сте млади и немате проблеми со срцето, можете да вежбате и додека сте лути. Кај младите, позитивните страни на вежбањето се многу поголеми од оние негативните – порачуваат научниците.

Уште една здрава навика која може да резултира со фатални последици е консумирањето на витамини. Една посебна комбинација од два витамина може да го доведе вашиот живот во опасност, бидејќи е во состојба да предизвика собирање на најразлични сустанци во внатрешните ѕидови на артеријата, што може да предизвика мозочен удар. Тука е и ризикот од срцеви заболувања, покажаа резултатите од едно друго истражување.

Опасноста се однесува на коминацијата на калциум и витаминот Д, која ја зголемува можноста за атеросклероза, односно собирање на масни супстанци, холестерол, дел од мртви ќелии и калциум во внатрешниот ѕид на артериите.

Американскиот професор Сафиј Хан спроведе истражување во кое биле вклучени 277 луѓе кои страдале од атеросклероза, а воедно ја внесувале оваа комбинација на витамини. Се испоставило дека на тој начин можноста да доживеете мозочен удар била зголемена за дури 17 проценти.

Следни Објави

Ќе ве наежи: Гласот на Матеј ги збуни сите

Веќе 49 дена трае потрагата по 27-годишниот Матеј Периш, момчето од Сплит кое исчезна во Белград во очи на новогодишната ноќ. Сега на социјалните мрежи се појави ретка видеоснимка на која се гледа како насмеаниот Матеј ужива со пријател на брод потпевнувајќи си рефрен од Оливер Драгојевиќ. Станува збор за […]