fbpx

Беше македонска барбика, сега го живее американскиот сон: Има две дипломи и семеен бизнис

Веројатно се сеќавате на кавадарчанката Јасмина Мукаетова, пејачката која важеше за една од најатрактивните фолкерки на нашата естрада.

Поради изгледот, особено поради преопзнатливата виткана коса, ја нарекуваа македонска барбика, а нејзе овие комплименти ѝ годеа.

Јасмина веќе една и пол деценија живее во Њу Џерси, Америка. Денеска е 40-годишна среќна и успешна жена, со две дипломи и семеен бизнис. Таа е дипломиран педагог на Филозофскиот Факултет при Универзитет СВ. Кирил и Методиј –Скопје. Неодамна ја комплетира едукацијата со МБА- мастер за бизнис администрација и концентрација на човекови ресурси, на државниот универзитет William Paterson University. Мајка е на два сина, Диме и Зуко, пишува „Женски магазин“.

Мукаетова има навистина интересна љубовна приказна. Со сопругот потекнуваат од исто место, се познаваат речиси цел живот, а, како што вели, дружењето постепено им се претворило во љубов. Се венчаа во куќата на цвеќето во Лас Вегас.

Нејзините синови се талентирани за музика, но немаат желба професионално да се бават со оваа уметност.

„На децата им овозможив шанса првенствено преку едукација да ги запознаат основите на музичката теорија, а исто така, имаа можност да одберат инструмент. Се одлучија за пијано и виолина, но целата еуфорија траеше многу кратко. За жал, инструментите се претворија само во орнаменти кои го красат домот, толку од музиката, се префрлија на спорт. Жал ми е што кај децата препознавам талент и потенцијал, кој ќе остане латентен и нереализиран поради нивната незаинетереси-раност и недостаток на желба за посветеност кон музиката“, вели таа.

Следни Објави

Ова мора да го кажам: Поранешното момче на Дијана со потресна порака

Не стивнуваат реакциите во јавноста по ненадејната смрт на 23-годишната популарна тиктокерка Дијана Де Марко. На оваа социјална мрежа ја следеа 120 илјади фанови и важеше за една од највпечатливите инфлуенсерки на овие простори. Веста за нејзината смрт ги погоди сите, а сега се огласи и нејзиното поранешно момче. „Се’ […]