fbpx

Долго чувана тајна: Ова е вистината за Матеј Периш

Точно 50 дена трае потрагата по исчезнатиот Матеј Периш (27) од Сплит, а сега испливаа информации кои му дадоа нова димензија на целиот случај.

Една од работите за кои досега се молчеше е поврзана со неговите другари со кои допатувал во Белград.

ПРОЧИТАЈ ГО И ОВА: Ќе ве наежи: Гласот на Матеј ги збуни сите

Во комбето со кое патувале било и лице кое било инволвирано во нападите на ватерполистите на Црвена ѕвезда во Сплит 2019 година. За истиот човек се зборува дека бил близок и со момчињата кои беа обвинети дека туркале автомобили со српски таблички во море.

Во меѓувреме, еден приватен детектив, а поранешен полицаец, потврди дека бил контактиран од момче од Сплит со сознанија кои би можеле да фрлат комплетно ново светло на однесувањето на Матеј во текот на кобната ноќ кога исчезна.

Ненад Периш, таткото на Матеј, никако не губи надеж дека неговиот син ќе биде пронајден жив.

„Мислам дека Матеј сакал некаде да замине. Не да побегне, туку да замине. Затоа и се обидел да застане три такси-возила, но само еден возач му излегол во пресрет“, неодамна изјави тој.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Живкица се расплака во своето шоу: Причината ќе ве трогне

Лидија Кочовска поминува низ исклучително тежок период за кој одлучи отворено да зборува во шоуто „Жилет“, новата авторска емисија на докажаната водителка Живкица Каленикова. Познатата пејачка во детали зборуваше за болеста на својата мајка Невена која боледува од Алцхајмер. Освен агресивноста, најголемиот товар за семејството е кога болниот доаѓа до […]