fbpx

Си го затегна лицето и си најде помладо момче: Ани Малинкова проговори за Ѓорѓи

Македонската фолкерка Ани Малинкова конечно си ја отвори душата за новото момче, десет години помладиот Ѓорѓи Тренески.

Популарната пејачка која од првиот брак има две ќерки, вели дека партнерот љубоморно си го чува од очите на жените.

„Многу ми е убав, многу е внимателен, често ми подарува најубави цвеќиња. Иако, неговата љубов е за мене најубавиот подарок. Навистина си го сакам, одлично ни оди муабетот што секако е важна работа во една врска исполнета со емоции. Имаме многу заеднички теми кои не’ интересираат, а во слободното време најчесто сме си по дома, во домашната атмосфера ни е најубаво“, вели таа за порталот „Вечер.Прес“.

Малинкова важи за една од најатрактивните дами на домашната естрада. Особено внимава на физичкиот изглед и не крие дека направила хируршко затегнување на лицето, пишува „Вечер.Прес“.

Следни Објави

Шок во Холивуд: Популарната актерка пронајдена мртва

Американската актерка Линдзи Перлман, најпозната по улогите во телевизиските серии „Чикаго џастис“ и „Емпајер“, е пронајдена мртва во Лос Анџелес, неколку дена откако беше пријавено нејзиното исчезнување. Пријателите и семејството на 43-годишната Линдзи побараа од јавноста било каква информација за неа откако на 13 февруари не се вратила дома. Последен […]