fbpx

Неочекувана порака за Матеј Периш: Сите се сомневаат во неговата мајка

Речиси два месеца трае потрагата по Матеј Периш, а од него ниту трага, ниту глас. Полицијата се’ уште детално истражува, а неколкупати во Белград доаѓааа и претставници на хрватската полиција.

На социјалните мрежи секојдневно „никнуваат“ групи за Матеј во знак на поддршка за неговото семејство. На истите тие страници секојдневно се објавуваат разни детали за младото момче од Сплит, а она што последно е објавено ги расплака и оние најмалку емотивните.

НА ИСТАТА ТЕМА: Во грмушка, позади паркирана кола: Словенец тврди дека знае каде се наоѓа Матеј Периш

Покрај бројните фотографии и видеоснимки, сега се појави и порака за која многумина зборуваат дека е напишана од мајката на Матеј.

„Сине, врати се. Кога сите ќе помислат дека никогаш нема да се вратиш, нека те донесе јадранскиот маестрал. Сине, врати се поради оние што те сакаат, сине врати се на нашето сино море, сине врати се во твојот премил крај, тука те чека твојата мајка и твојот рај“, стои во објавата.

Под пораката луѓето масовно коментираат. Некои се уверени дека Периш е жив и здрав и дека е таму некаде, додека други се скептични дека тој некогаш ќе биде пронајден.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

За два дена ќе се случи нешто големо: Астрологот Душан со предупредување!

Интересен датум ни претстои – 22.02.2022 Астрологот Душан Величковиќ предупредува една голема трансформација, односно една чудна консталација на небото, не само нумеролошки. „Нешто ќе биде објавено. Ќе биде пласирана една интересна идеја која всушност ќе подразбира едно обединување, поготово на овие простори. На сите им советувам на 22.02.2022 во 22:22 […]