fbpx

Цел час се бореле за синот на македонската пејачка: Ова е причината за смртта на Робертино

Робертино Илиевски, 24-годишниот син на фолк-пејачката Сузи Анѓелковиќ, починал синоќа, откако со автомобил удрило во дрво во Власотинце, јавуваат српските медиуми.

„Слушнавме силен тресок и кога излеговме на улица го видовме автомобилот, смачкан до половина од предната страна. Веднаш повикавме итна помош и полиција“, раскажале сведоци на несреќата.

НА ИСТАТА ТЕМА:

Секунди биле во прашање, брзал со причина: Нови шок детали за смртта на Робертино

Македонската пејачка со потресни зборови за починатиот син

Момчето се здобило со тешки повреди на главата и градниот кош. Околу еден час бил реанимиран, но им подлегнал на повредите и покрај сите напори на лекарите, пишува „Фокус“.

Сочуство на Ангелковиќ веќе ѝ изразија и колегите од естрадата.

Оние што ја познаваат велат дека Сузи важи за скромна жена и посветена мајка и дека овој немил настан тешко ќе го преброди. Таа има уште еден син.

Публиката најмногу ја препознава по нумерата „Пусти да се парите“, а своевремено сними и песна посветена на македонските Тигри.

Следни Објави

Татко и син се самоубија: Прво скокнал Дејан, ваква трагедија не се памети

Шок и неверување Дејан Рајиќ (37) и неговиот 61-годишен татко Миодраг се самоубиле скокајќи од тераса од осмиот кат на зградата во која живееле. Трагедијата во Бор која го потресе целиот регион се случила во неделата околу пладне, а на немилиот настан му претходела семејна расправија. Прво скокнал Дејан кој […]