fbpx

Тажната судбина на девојчето од хитот на Чолиќ: Еве каде е Ивана од „Чаје шукарије“ (ФОТО)

Кога во 90-тите се појави спотот на Здравко Чолиќ за темата „Чаје шукарије“, цела Југославија го засака девојчето кое ги пее стиховите „Ја се зовем Ивана, а тата ме зове злато“.

Ова слатко дете со претходно актерско искуство наеднаш се повлече од јавноста, а години подоцна медиумите ја дознаа причината.

Се’ се променило по војната поради која Ивана морала да се пресели во Австралија. И денес живее таму и се занимава со режија, продукција и со маркетинг.

Бегалската криза за неа е болна тема.

„Во Австралија со моето семејство стигнавме преку Русија. Како и кај сите останати кои талкаа по светот обидувајќи се да си обезбедат мир и сигурност, беше немирно, несредено и нестабилно. Само што се имав навикнато на едно училиште и на еден начин на живот, се најдов во друго опкружување со нов јазик и култура. Не беше лесно, но овие искуства дефинитивно ве прават посилен човек. Малите лузни секогаш ќе бидат присутни, понекогаш ќе ве зачешаат или ќе ви се воспалат, обично кога тоа најмалку го очекувате. Сепак, на тоа гледам како на непроценлива лекција која ме потсетува дека со моите 33 години имам преживеано нешто што некои немаат ни со 90“, раскажа Ивана во едно интервју.

Фото: Фејсбук/Принтскрин Јутјуб

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Трагедија: Почина синот на македонската фолкерка

Ненадејно почина 24-годишниот син на македонската фолк-пејачка Сузи Анѓелковиќ, пишува „Фокус“. Се’ уште не е позната причината за смртта на Робертино, а трагедијата на социјалните мрежи се коментира со неверување и шок. Сочуство на Ангелковиќ веќе ѝ изразија и колегите од естрадата. Оние што ја познаваат велат дека Сузи важи […]