fbpx

Голем празник: Денеска направете една работа за животот да ви биде поубав

Денеска е Св. маченик Никифор (Задушница).

Во третиот век во Антиохија живееја двајца многу блиски пријатели, Саприкиј и Никифор. Но, еден ден тие толку се налутија еден на друг, што не сакаа очи да си видат. По некое време Никифор ја сфати бедата на лутината и побара прошка од Саприкиј, кој беше свештеник. Овој не сакаше ни да чуе. Сите молби остануваа попусти. Во тоа време, при едно гонење на христијаните, Саприкиј беше затворен и ставен на маки, зашто не се окажуваше од Христа. Најпосле го осудија и го поведоа кон губилиштето.

По патот Никифор повторно со солзи го молеше да му прости, но на Саприкиј срцето му остана тврдо. Така и ја изгуби благодатта и на губилиштето се откажа од Христа, а Никифор, гледајќи го тоа, самиот побара и беше погубен наместо него.

Житието на овој маченик јасно покажува дека Бог ја отфрла надменоста и со слава го овенчува смирението и братољубието.

Светиот маченик Никифор е заштитник на сите оние кои неправедно страдаат, како и на оние кои се подготвени „да ги стават рацете во оган“ заради пријателите и правдата. Се верува дека ова е денот кога кавгите се помируваат и го започнуваат нивното пријателство од почеток.

Затоа, денес простете им на оние кои ви згрешиле. Дајте им рака на помирување и заборавете на сите лоши работи што се случија меѓу вас. Ќе видите, животот ќе ви биде поубав и поисполнет после тоа.

Следни Објави

Единствена и неизмерна љубов: Македонија тагува по Бранислав

По кратко боледување почина Бранислав Белевски-Будла, легендарниот физиотерапевт на ФК Вардар. Тажната вест ја потврдија и администраторите на фејсбук-страницата „ФК Вардар Гордост Македонска“. Белевски повеќе од 20 години беше нераскинлив дел од клубот, доживувајќи ги сите негови најславни, но и најтажни денови. Од Будла се прости и Фудбалската репрезентација на […]