fbpx

Секунди биле во прашање, брзал со причина: Нови шок детали за смртта на Робертино

Се’ уште не стивнуваат реакциите во јавноста по трагедијата во која животот го загуби Робертино Илиевски, 24-годишниот син на македонската пејачка Сузана Анѓелковиќ, откако со автомобил се заби во дрво во Власотинце.

Сега се огласи и неговиот вујко Зоран. Скршен од болка раскажува дека како и секој млад човек и неговиот внук имал милион планови.

„Фудбалот му беше страст, долго време играше за еден клуб во Македонија“, раскажува тој.

НА ИСТАТА ТЕМА:

Македонската пејачка со потресни зборови за починатиот син

Робертино се забавувал со девојка од Власотнице.

„Загина брзајќи да се види со неа. Мало невнимание го чинеше живот. Секунди биле во прашање“, дополнува.

Зоран вели дека кобната ноќ бил на местото на несреќата.

„Итната помош дојде на време, бргу го извлекоа. Луѓето дадоа се’ од себе, но попусто. Ударот бил толку силен што ништо не можело да се направи. Робертино беше прекрасно момче, позитивен и насмеан“, им изјави тој на медиумите.

Фото: Инстаграм/Принтскрин

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Тажна вест: Уште еден македонски лекар прерано нè напушти

Нова тажна вест, уште еден македонски доктор прерано го напушти овој свет. Почина битолскиот лекар Михајло Насев (66), специјалист пневмофтизиолог во пензија, информира порталот „Апла.мк“. Д-р Насев целиот свој работен век беше дел од тимот на лекари во Битолската клиничка болница. Беше подеднакво почитуван и од колегите и од пациентите. […]