fbpx

Ќе гориме: Нашиот Игор Ангелов со потресно сведоштво од Украина

Неговите во Македонија се исплашени. На аеродромот нема опција како да се стигне бидејќи, како што вели, блокиран е патот помеѓу Бровари-Киев

Игор Ангелов е еден од стотиците македонски државјани кои живеат во Украина, земјата која утрово беше нападната од Русија.

Тој за порталот „Струмица денес“ вели дека ова се најтемните часови за Европа после Втората светска војна.

Ангелов се наоѓа во селото Зазимија кое спаѓа во Киевската област.

„Ќе гориме во пеколот. Утрово свиреа сирени. Живееме на 23км од центарот на Киев и се слушнаа два силни удари. На работа не одиме, леб не успеавме да купиме.. Купив брашно и квасец и неколку литри млеко. Струја и плин засега имаме, ќе видиме само до кога. Додека го пишувам ова пред малку слушнавме уште еден удар, прозорците се затресоа. По мое, ноќеска би можело да биде поопасно“, вели тој.

Ангелов е оженет за Украинка од 2014 година.

Илустрација: АП

Следни Објави

Татко во солзи се простува од ќерка си: Останува да ја брани Украина (ВИДЕО)

На „Твитер“ се шири видео кое ќе ви го скрши срцето. Станува збор за татко кој во солзи се простува од ќерката и од сопругата. Ги испраќа на сигурно, а тој останува во Украина да ја брани својата земја Русија утрово ја нападна Украина, а многу Украинци, меѓу нив најмногу […]