fbpx

Нов шок за таткото на Матеј: Ова е вистината за Маја!

Ненад Периш утрово добил порака од началникот на белградската полиција со сите нови сознанија кои се однесуваат на потрагата по неговиот син.

Она што малку го шокирало е што медиумите повторно ја актуелизираат наводната врска на неговото чедо со Маја Сопта.

„Можам да ви ја кажам вистината за долгогодишната пријателка на мојот син. Од нејзиниот телефон единствено што се гледа е дека тој се обидел да ја контактира. Не знам поради што. Таа самата заминала во полиција и се’ им раскажала на надлежните. Ѝ верувам на Маја и сигурен сум дека ниту таа, ниту другарите на Матеј се вмешани во неговото исчезнување“, вели Ненад.

Тој и понатаму останува во Белград и верува дека неговото дете е живо и здраво и дека ќе биде пронајдено. Свесен е за времето кое помина, но не губи надеж.

Колку за потсетување, многумина прстот го вперија кон Маја откако медиумите објавија за мистериозната мапа во нејзиниот телефон која се поклопува со рутата по која трчал Матеј кобната ноќ.

Не е мал бројот на оние кои се сомневаат во искреноста на нејзините изјави, откако таа во исповед за ТВ Прва потврди дека е последната личност која Периш се обидел да ја добие пред да исчезне.

„Жал ми е што не се јавив, тоа ми е најголема болка од се’.. Затоа што можеби ако ме информираше дека доаѓа во Белград, би му кажала каде да одат, што да прават“, низ солзи раскажа, покажувајќи го пред јавноста и пропуштениот повик во 22:29 часот на 30-ти декември.

На српските власти, пак, Маја наводно им раскажала дека Матеј се занимавал со напорна работа, дека бил многу амбициозен и дека за да постигне се’ што ќе зацртал користел опијати.

НА ИСТАТА ТЕМА:

Виден е: Неочекуван пресврт, првпат се огласи за Матеј Периш

За сомнителното минато на нејзиното семејство пишуваше и хрватскиот портал „Империјал“.

Судејќи по објавите на социјалните медиуми, Маја и нејзиниот брат, инаку близок пријател на Матеј, воделе луксузен живот. Тие наводно се внуци на шефот на сплитската УДБА кој наводно го поврзувале со убиство на емигранти, напиша порталот.

Фото: Фејсбук/Принтскрин

 Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ќе гориме: Нашиот Игор Ангелов со потресно сведоштво од Украина

Неговите во Македонија се исплашени. На аеродромот нема опција како да се стигне бидејќи, како што вели, блокиран е патот помеѓу Бровари-Киев Игор Ангелов е еден од стотиците македонски државјани кои живеат во Украина, земјата која утрово беше нападната од Русија. Тој за порталот „Струмица денес“ вели дека ова се […]