fbpx

Спасе Гигоски со синот, снаата и внукот остана во Украина: Сведоштво на Македонец

Порталот „Фактор“ стапи во контакт со неколкумина граѓани на Украина кои сведочат како од вчера се живее во оваа земја, дали се чувствуваат безбедни, колку се плашат и што им е во мислите.

Меѓу нив е и Гигоски Спасе од Гостивар кој повеќе од 30 години има своја фирма во градот Хуст, Закарпатска област.

Во Украина е со синот снаата и внукот. Жена му и ќерките се во Македонија. Се обидел, но не успеал да стапи во контакт со македонската амбасада во Киев. Со години е таму, но и на релација Гостивар – Хуст и не чувствува потреба да мисли на евакуација. Како што вели, работните обврски не му дозволуваат.

„Се’ е нормално кај нас, но слушаме дека многу воени бази на територијата на Украина се ракетирани. Утрото бев во канцеларија, потоа отидов во банка и до бензиска станица. Ограничено е работењето на банките. Не дозволуваат користење на банкарска сметка на фирма, можеш да подигнеш ограничена сума на гривни, а од лична сметка може само од банкомат што е исто така ограничено. Утрината давале неограничено количество на гориво, но откако се создале големи редици, дозволено било само 20 литри. Попладнето редиците се намалиле и приквечер давале исто така неограничено. Хуст е мало место во кое има седум бензиски станици и задоволуваат нормално снабдување“, раскажува Гигоски за „Фактор“.

Следни Објави

Свиреше клавир со пенисот, а сега е воен лидер: Кој е Зеленски, претседателот на Украина?

Публиката во украинското ТВ-студио умира од смеење. Најпознатиот комичар во државата со својата екипа ја претставува точката во која со пенисите свират клавир. Неколку години подоцна, тој човек станува претседател на Украина.. Завршил правен факултет, станал една од најголемите актерски ѕвезди во државата, потоа и најпопуларен комичар во земјата, а […]