fbpx

Деца без родители секој викенд ручаа кај нас: Амернис Нокшиќи си ја отвори душата

Со мајка ѝ секоја недела оделе во Домот за деца без родители

Една од најплодните македонски глумици, Амернис Нокшиќи – Јовановска, во една прилика си ја отвори душата и раскажа емотивна животна приказна од времето кога била дете.

Сопругата на новинарот Борјан Јовановски која пред неколку години се вклучи во кампањата „На секое дете му треба семејство“ (ја стартуваше Министерството за труд и социјална политика во соработка со УНИЦЕФ н.з.) порача дека посвојувањето е исклучителна одговорност, како што кажа, можеби поголема од онаа да се има свое дете.

Амернис откри дека е растена и воспитувана во духот на вистинските вредности.

„Кога бев мала живеевме во бараката карши Албанскиот театар. Заедно со мајка ми, секоја недела одевме во Домот за деца без родители „11 Октомври“ и се враќавме со едно од тие деца кои потоа остануваа кај нас на ручек и викенд. Оттука, за мене е нормална грижата за оние кои ја немаат таа среќа да имаат дом“, раскажа таа.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Брутално претепана пејачката од „Ѕвездите на Гранд“: Вака изгледа по нападот (ФОТО)

Марина Радосавлевиќ, учесничка во популарното натпреварувачко шоу „Ѕвездите на Гранд“, синоќа била брутално претепана во Врњачка Бања. За инцидентот проговори на нејзиниот инстаграм-профил на кој сподели вознемирувачки фотографии. Како што пишува во објавата, ја нападнале двајца маскирани мажи. Ѝ прснале солзавец, ја собориле на земја и почнале да ја удираат […]