fbpx

Брутално претепана пејачката од „Ѕвездите на Гранд“: Вака изгледа по нападот (ФОТО)

Марина Радосавлевиќ, учесничка во популарното натпреварувачко шоу „Ѕвездите на Гранд“, синоќа била брутално претепана во Врњачка Бања.

За инцидентот проговори на нејзиниот инстаграм-профил на кој сподели вознемирувачки фотографии.

Како што пишува во објавата, ја нападнале двајца маскирани мажи. Ѝ прснале солзавец, ја собориле на земја и почнале да ја удираат со пендраци.

Случајот е пријавен во полиција и веќе се трага по напаѓачите, пренесуваат српските медиуми.

На пејачката ѝ е укажана медицинска помош и таа, судејќи по нејзините објави, по прегледот е пуштена на домашно лекување.

„Срамота за едно туристичко место кое од недела во недела се претвора во крвава бајка. Срамота за насилниците“, напиша пејачката.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Денот кога Русија нападна, нешто страшно се појави на небото: Ова е зло (ФОТО)

Жителите на некои делови од Англија биле вчудоневидени кога во четвртокот на небото виделе огромен облак кој личи на нуклеарна печурка. Метеоролошкиот феномен се појавил над североисточен Линколншир во попладневните часови и тоа баш на денот кога почна руската офанзифа во Украина. Неколку луѓе на социјалните мрежи споделија фотографии од […]