fbpx

Признаа сè: Конечно проговорија другарите на Матеј

И по цели два месеца од исчезнувањето, таткото на Матеј Периш не губи надеж дека неговиот син е жив. Тој се’ уште е во Белград и не размислува да го напушти. Како што вели, на ќерките им дал ветување дека без Матеј нема да се врати дома.

Ненад Периш сега повторно се огласи, откако новинарите го прашаа за неговиот однос со другарите на Матеј кои кобната ноќ биле со неговото чедо.

„Ми признаа се’. Ми кажаа дека последното шише виски во клубот „Готик“ го платил Матеј, а потоа исчезнал. Мислеле дека се размуабетил со некого, а се уплашиле кога забележале дека јакната му останала на столот“, вели Периш.

Останатите вести за Матеј Периш можете да ги прочитате ОВДЕ!

Во меѓувреме, медиумите постојано објавуваат пикантерии од животот на исчезнатото 27-годишно момче од Сплит, а една од работите за кои долго се молчеше беше поврзана токму со неговите другари. Во комбето со кое патувале било и лице кое било инволвирано во нападите на ватерполистите на Црвена ѕвезда во Сплит 2019 година. За истиот човек се зборува дека бил близок и со момчињата кои беа обвинети дека туркале автомобили со српски таблички во море.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Уште еден ангел одлета: Почина малата Теодора

Почина осумгодишната Теодора Радојковиќ, девојчето со препознатлива насмевка кое го обедини регионот на социјалните мрежи. Тажната вест ја потврдија и од фондацијата „Биди хуман“. Теодора имаше малиген тумор на мозочното стебло и хидроцефалија. За нејзиното лекување масовно се собираа средства, но болеста беше побрза и посилна. Родена е на 22 […]