fbpx

Денеска во болница не можеше да ме препознае: Потресно сведоштво на мајката на Моника

„Денеска моравме да ја носиме во болница каде не можеше ниту да ме препознае. Ме праша ,,Која си ти?” За ова има сведоци, лекарите во нервното одделение во велешката болница. Додека нејзиниот силувач е на слобода“.

Ова е дел од потресното сведоштво за „Слободен печат“ на Цветанка Јовановска, мајката на Моника Јовановска за која јавноста се крена на нозе откако лани раскажа дека била брутално тепана со тупаници и клоци, но и силувана од нејзиното поранешно момче.

„Моника е две години затворена во соба, како таа да е во притвор. Сите надежи и се срушија, кога обвинителството го отфрли обвинението за силување затоа што немало докази за силување. Во тој документ пишува дека нема сведоци на настанот, иако соседот се понуди да дојде на суд и да сведочи. Ја видел како излегува од автомобилот тепана и модра, ја фатил под рака и тој ја донесе до вратата дома. Ништо веќе не ме интересира, ни суд ни обвинителство. Само сакам да ѝ се врати здравјето, зашто го загуби чекајќи ја правдата во Македонија. Сега излегува дека таа самата себеси се истепа, кога модра дојде дома“, низ солзи раскажува Цветанка за „Слободен печат“.

Целиот разговор можете да го слушнете ОВДЕ!

Следни Објави

(ФОТО) Порасна внукот на Турунџиева: Јаков ќе наполни три години

Познатата пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева со емотивна посвета ѝ го честита роденденот на ќерка си. „Во годината со многу двојки, мојата прва љубов Лора го слави 22-от роденден. Да ти се множат среќни и исполнети со љубов години, мила моја ќерко“, напиша таа на „Инстаграм“. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: И […]