fbpx

(ФОТО) Владо Јаневски ја покажа девојката

Популарниот кантавтор знае како да ги анимира фановите, дури и кога не е на сцената

Владо Јаневски е се’ поактивен на социјалните мрежи, а во една прилика одлучи да се потсети и на своето љубовно минато.

Неговата објава со фотографијата којашто ја заинтригира јавноста, ви ја пренесуваме во целост.   

Еден фан на Владо Јаневски (кој побара да остане анонимен) ни ја испрати оваа фотографија за која тврди дека датира од 1998 година и ја поткрепи со интересна приказна за која тврди дека е вистинита: Сликата е од вечерта после победата на „Скопје 1998“ на која Владо стана првиот наш претставник на Евровизија со „Не зори, зоро“, а женскиот лик е неговата тогашна девојка од Москва, Инга која е и директна инспирација за песната. Анонимниот фан уште тврди дека тој лично ги сликал во тогаш актуелниот клуб „МЦМ“, а третиот на сликата е сопственикот Зоки „Малиот“ од првиот стих на песната „Евергрин“! Нам сето ова ни се виде многу веројатно, па решивме да ја објавиме. Како и да е, можеби оваа стара фотографија ни ја откри девојката од „Не зори, зоро“!

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Летај меѓу ангелите мило мое дете: Мајката на починатиот Марко со потресни зборови

Марче мој, мила душа моја.. Поминаа девет месеци откако без поздрав си замина. Вака почнува емотивната објава на „Фејсбук“ на Александра Божиновска, мајката на младиот македонски ракометар Марко Божиновски кој лани ненадејно почина во сон на 20-годишна возраст. Откако претходно собра сили и отворено проговори за последните часови пред трагедијата, сега […]