fbpx

Дете од Украина само стигнало во Словачка: Кога му ја виделе раката, се шокирале (ФОТО)

Полицијата на Словачка на својот официјален фејсбук-профил објави приказна за 11-годишно момче од Запорожје кое бегајќи од војната успеало да ја напушти Украина без никаква придружба.

„Со една пластична кеса, пасош и испишан телефонски број на раката пристигна сосема сам, бидејќи родителите морале да останат“, пишува во објавата.

Волонтерите веднаш се погрижиле за него, го однеле на топло и му обезбедиле храна и пијалоци кои му ги спакувале за по пат.

„Сите ги освои со насмевката, храброста и одлучноста, особини достојни за вистински херој“, велат словенечките власти.

Благодарение на бројот испишан на раката, веднаш биле контактирани роднините на момчето и истото е згрижено кај нив.

Според податоците на Обединетите нации, изминатите десет дена од Украина побегнале повеќе од 1,5 милиони луѓе.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Имаат четири деца, ја крие во Швајцарија: Која е љубовницата на Путин?

Рускиот претседател Владимир Путин (69) ја сокрил својата љубовница Алина Кабаева (38) во Швајцарија, пишува „Пејџ Сикс“. Двојката која никогаш јавно ја нема потврдено својата врска, наводно има четири деца, две близначки родени во 2015 година во близината на Лугано и уште два сина. Децата имаат швајцарски пасош, а наводно […]