fbpx

Имаат четири деца, ја крие во Швајцарија: Која е љубовницата на Путин?

Рускиот претседател Владимир Путин (69) ја сокрил својата љубовница Алина Кабаева (38) во Швајцарија, пишува „Пејџ Сикс“.

Двојката која никогаш јавно ја нема потврдено својата врска, наводно има четири деца, две близначки родени во 2015 година во близината на Лугано и уште два сина. Децата имаат швајцарски пасош, а наводно и Алина, наведува истиот извор.

Путин во една прилика изјави дека не сака никој да му се меша во приватниот живот. Тој има две возрасни ќерки Марија (36) и Катерина (35) од бракот со Људмила, инаку поранешна стујардеса. И за нив малку се знае. Марија е родена во Санкт Петербург, а Катерина во Германија каде семејството живеело додека Путин бил во Комитетот за државна безбедност на Русија (КГБ).

По три децении заеднички живот, Путин и Људмила се разведоа во 2013 година. Се зборуваше дека причината за нивното разидување е токму младата и атрактивна Алина.

Алина Кабаева се прослави како гимнастичарка освојувајќи два олимписки медала и бројни медали на светските и европските првенства. Откако медиумите почнаа да ја поврзуваат со Путин, ретко се појавува во јавноста.

Родена е на 12 мај 1983 година во Узбекистан. По завршувањето на спортската кариера, заплива во политичките води, а работела и како медиа менаџер, стои во нејзината официјална биографија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:

Учителката на Путин сурово искрена: Беше злобен, на 14 години го направи ОВА!

Ако се покаже дека таа навистина престојува во Швајцарија, ќе биде интересно да се види како оваа држава ќе дејствува. Швајцарија, која инаку е неутрална земја, одлучи да ги усвои санкциите на Европската унија против Русите.

Фото: Принтскрин

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Имам автоимуна болест: Биба Додева се извини и проговори за здравјето

ОБРАЌАЊЕ ДО ЈАВНОСТА И ДО ЗДРУЖЕНИЕТО НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ, ТЕХНИЧАРИ, АКУШЕРКИ И СТОМАТОЛОШКИ СЕСТРИ Ова мое обраќање до јавноста, а особено до Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри е јавно извинување за човечките слабости кои сите ги имаме, особено кога здравјето ни е доведено во ризик од […]