fbpx

Познатиот актер загина бранејќи ја Украина: Пред да почине го направи ОВА!

За време на гранатирањето на украинскиот град Ирпин во неделата загина познатиот актер и водител Павло Ли, познат како Паша.

Тој доброволно ѝ се приклучи на армијата бранејќи го својот град, информираа тамошните медиуми.

Роден на Крим, 33-годишниот Ли живееше и работеше во Ирпин, град кој се наоѓа западно од Киев. Беше препознатлив глас во многу синхронизирани проекти, ТВ-лице, а учествуваше и во музички емисии, меѓу кои и шоуто „Икс-фактор“. Во февруари годинава стана дел од забавната програма на телевизијата „ДОМ“, а гледачите го препознаваа по впечатливата насмевка.

Откако одлучи микрофонот и сцената да ги замени со воена униформа, Паша се огласи на „Инстаграм“ со оптимистички очекувања. И во тие тешки моменти не го напушти надежта дека се’ ќе се реши брзо и дека војната ќе заврши.

„Во последните 48 часа имавме прилика да седнеме и да се фотографираме додека не’ бомбардираат.. Но, ние се смееме, затоа што ќе се снајдеме, ќе се одбраниме. Да се здружиме“, напиша тој во неговата последна објава на социјалните мрежи.

Неговата смрт ја потврди и Сергеј Томиленко, претседател на украинското Национално здружение на новинари.

Дека Ли загинал, прв потврди адвокатот Јарослав Куц кој тажната вест ја сподели на „Фејсбук“.

Од Паша се прости и неговата колешка, познатата уметница Анастасија Приходко.

„Збогум Паша Ли. Нашата песна „Твоето срце“ засекогаш ќе остане во мојата душа, Почивај во мир“, напиша таа.

Емотивна порака сподели и украинската пејачка Алина Паш.

„Мојот шармантен другар.. Засекогаш ќе останеш запаметен по широката насмевка, длабокиот поглед и топлата прегратка. Ти благодарам што нашите души се запознаа. Те сакам“, напиша пејачката која неодамна настапи на националниот евровизиски избор.

Фото: Принтскрин Јутјуб/Инстаграм/Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Македонија тагува: Ненадејно почина Тони Танчев

Во Радовиш ненадејно почина Тони Танчев, еден од најдобрите македонски борачи, информира порталот „Ипон.мк“. Танчев беше беше дел од златната генерација на БК Бучим (Бучим Јака) која во 1996 година ја освои светската клупска титула во борење, а една година порано и европската. Пред неколку години тој го формираше клубот […]