fbpx

Непозната жена на погреб: Стоела над ковчегот, па ѝ нашле нешто што ги шокирало сите

Кога членовите на едно ожалостено семејство здогледале непозната жена на погребот кај нивната роднина, од пристојност ѝ дозволиле да застане над отворениот ковчег и да се прости со покојничката.

Жената имала околу шеесет години, а им се претставила како пријателка на умрената.

Сепак, подоцна сфатиле дека починатата останала без накитот – златно ланче, прстен и обетки, јавуваат француските медиуми.

Фамилијата веднаш ја алармирала полицијата која бргу ја пронашла сомнителната пријателка. Истрагата покажала дека жената живее во близина на погребалната служба во градот Лијевен. Во домот на приведената бил пронајден украдениот накит.

Но, овде не завршила приказната. Полицијата дознала дека истата госпоѓа е вмешана во уште неколку идентични кражби. За време на претресот, во нејзината спална соба биле пронајдени куп неодамна објавени некролози. Таа дури поседувала и кодови за пристап во просториите во кои се наоѓале сандаците.

Жената е задржана во притвор.

Фото: Шатерсток

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

И Македонија тагува за Јулија: Имаше само 21 година

Во бомбардирањето на Харков почина Јулија Здановска, девојката која го освои сребрениот медал на Европската Женска Математичка Олимпијада. Имаше 21 година. Тажната вест ја споделија и од Сојузот на математичари на Македонија (СММ). „Јулија сакаше да го споделува своето математичко знаење со помладите генерации. Како волонтер, таа ги подготвуваше помладите […]