fbpx

Дошол да ги погреба сопругата Татјана и двете деца: Кога влегол во мртовечницата се шокирал (ФОТО)

Семејна трагедија

Овој човек минатата година ги загуби сопругата и двете деца.

Тврди дека биле убиени додека семејството се обидувало да побегне од Киев.

За „Њујорк пост“ раскажа дека телото на неговата жена Татјана Перебејнис се наоѓала во црна вреќа на подот во преполната мртовечница. Не соопшти каде се посмртните останки на неговите деца Никита (18) и Алиса (9).

Жената и децата загинале во минофрлачки оган додека се обидувале да го претрчат оштетениот мост во Ирпин, недалеку од Киев. Загинал и Анатолиј Бережниј, 26-годишниот црковен волонтер кој им помагал во евакуирањето.

Никита
Алиса

Перебејнис кој не бил со семејството бидејќи останал да се грижи за болната мајка, на медиумите им соопшти дека во нападот загинале и нивните кучиња.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Патувај со ангелите: Нова трагедија, естрадата завиена во црно

По кратко боледување неодамна почина познатиот естраден новинар, водител и пејач Марјан Каменовиќ, информира „Пинк.рс“. Јавноста го памети по бројните интервјуа и приказни кои ги направи со регионалните ѕвезди како новинар на „Скандал“. Во меѓувреме сними и неколку песни, меѓу кои се и дуетите со Инди, Зорица Марковиќ, но и […]