fbpx

Патувај со ангелите: Нова трагедија, естрадата завиена во црно

По кратко боледување неодамна почина познатиот естраден новинар, водител и пејач Марјан Каменовиќ, информира „Пинк.рс“.

Јавноста го памети по бројните интервјуа и приказни кои ги направи со регионалните ѕвезди како новинар на „Скандал“.

Во меѓувреме сними и неколку песни, меѓу кои се и дуетите со Инди, Зорица Марковиќ, но и со старлетата Станија Добројевиќ.

Многу познати личности се простија со својот соработник и пријател, а сега се огласи и Катарина Грујиќ.

„Беше највеселиот човек кој го познавам, голем другар, душа од човек! Ми подаде рака кога никој друг тоа не го направи, беше со мене кога сите ме одбегнуваа.. Толку го планиравме она наше „видување“ и не успеавме.. Ти благодарам за се’! Патувај со ангелите, Маки мој“, напиша пејачката.

Фото: Принтскрин Јутјуб/Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Господ е голем: Оперирана е Ина, девојчето кое нè обедини сите

Оперирана е Ина, шестгодишното девојче за кое цела Македонија собираше донации. „Од срце за Ина“ беше насловен апелот за помош, а денеска пристигна информацијата дека успешно ѝ е отстранет туморот кој ѝ предизвикуваше епилептични напади. „Здраво на сите! Сакаме да споделиме една убава вест со сите кои помогнавте за малата […]