fbpx

Руски војници влегуваат во двор на баба и дедо од Украина: Неочекуван пресврт ги шокира сите (ВИДЕО)

По кратка расправија, војниците го напуштаат местото

Додека војната на истокот се’ уште трае, американската амбасада во Киев на социјалните мрежи објави снимка со несекојдневна ситуација која ја забележала надзорната камера на една куќа.

На видеото се гледа постара брачна двојка од Украина како брка руски војници од својот двор. Така барем тврдат од амбасадата која го објави записот со наслов „Украински херои“.

На снимката се гледа како тројца војници доаѓаат до оградата, ја отвораат вратата и влегуваат во дворот. Потоа следува неочекуван пресврт кој ги шокира сите. Од куќата излегуваат две лица кои викаат на нив со агресивно гестикулирање. По кратката расправија, руските војници си заминуваат.

Медиумите информираат дека куќата се наоѓа во Николајевска област.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Руски психолог го анализира однесувањето на Зеленски: По она што го кажа, светот е во шок

Рускиот психотерапевт Василиј Шуров ја оцени состојбата на Володимир Зеленски од медицинска гледна точка. Тој го анализираше однесувањето на украинскиот претседател на неодамнешната прес-конференција. Докторот вели дека според начинот на кој одговарал на прашањата, Зеленски најверојатно е под влијание на наркотици. „Се претстави во многу лошо светло, зборуваше со задоцнување, […]