fbpx

На 26 години ѝ открија канцер: Тина Мицковска проговори за сестра си

Гласноговорникот на Скопската зоолошка градина, Тина Мицковска, со последната објава на социјалните мрежи ги вознемири своите пријатели.

Таа проговори за новиот предизвик со кој се соочува нејзиното семејство, откако на нејзината сестра ѝ бил дијагностициран канцер.

Вели дека таа е борец и дека ќе го победи и ова зло.

„Имавме пеколен период во изминатите месеци и уште фалеше во петокот да чујам дека ѝ е дијагностициран карцином на тироидата. При моја редовна контрола на туморот на тироидата кој се’ уште ми е бениген, сестра ми направи рутинска случајна контрола и со биопсијата ни стигна и неубавата вест. Но, храбра е и силна на само 26 години и заеднички ќе се избориме со ова. Јавно сподели за да ја зголеми свеста за оваа подмолна болест и да поттикне редовни прегледи на тироидната жлезда. Само 4% од туморите и јазлите на тироидата се канцерогени и со малигни клетки, но ете никогаш не се знае.. Чувајте се и барем еднаш годишно одете на ендокринологија или патофизиологија. Мојот херој ќе победи“, напиша таа на „Фејсбук“ споделувајќи го обраќањето на нејзината сестра.

Истото ви го пренесуваме во продолжение:

Фото: Фејсбук/Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Се обрати Путин со страшно предвидување: Ако се случи ОВА, целиот свет е пред апокалипса

Рускиот претседател тврди дека лоши денови доаѓаат Руската војска им ги уништи плановите на украинските власти кои имаа намера да тргнат во војна, изјави во последното свое обраќање рускиот претседател Владимир Путин. Тој наведе дека на одговорните луѓе на Киев преку различни канали им бил упатен предлог да ја повлечат […]