fbpx

Умирам, еве ја мојата последна желба: Ова 13-годишно девојче го расплака светот

Дана Паола Арсиос Рејес, 13-годишна девојка од Мексико, во детството боледувала од дијабетес. Во декември 2019 година болеста повторно ѝ се вратила, итно била хоспитализирана, а во болницата преживеала три кардиореспираторни застои.

Сфаќајќи дека нема да преживее, Дана одлучила да напише писмо со кое би му покажала на светот која е нејзината последна желба, во најмала рака херојска.

Таа сакала своите здрави органи да ги донира на деца кои имаат можност да преживеат и да продолжат со својот нормален живот.

Кога на 22 февруари починала, докторот јавно го прочитал писмото кое го оставила.

„Кога моето тело ќе лежи во креветот, а лекарот ќе утврди дека мозокот повеќе не ми работи, мојот живот ќе биде готов. Кога тоа ќе се случи, не обидувајте се да ме реанимирате, не сакам да ме приклучувате на апарати. Дозволете моето тело да им помогне на другите. Дајте му ги моите очи на некого кој никогаш не го видел изгрејсонцето или погледот на бремена жена. Дајте го моето срце на личноста чие срце ѝ предизвикува само болни денови. Моите бубрези дајте им ги на оние кои се зависни од машина“, напишала таа.

Благодарение на оваа храбра девојка, три деца добиле можност да живеат, пренесуваат од болницата Кали Блу Рејдио.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

На 26 години ѝ открија канцер: Тина Мицковска проговори за сестра си

Гласноговорникот на Скопската зоолошка градина, Тина Мицковска, со последната објава на социјалните мрежи ги вознемири своите пријатели. Таа проговори за новиот предизвик со кој се соочува нејзиното семејство, откако на нејзината сестра ѝ бил дијагностициран канцер. Вели дека таа е борец и дека ќе го победи и ова зло. „Имавме […]