fbpx

Беше прекрасен: Македонија тагува по Несторовски

На 64 годишна возраст почина Михајло Несторовски, долгогодишен туристички работник.

Битолчани ќе го паметат како управител на ТА „Палас“. Во раната младост беше истакнат активен спортист, активен кошаркар на кошарларскиот клуб Пелистер и МЗТ Скопје, а краток период во кошаркарски клуб во Америка. Несторовски подоцна беше и тренер на младински екипи при Пелистер, информира порталот „Битола њуз“.

Мише, какошто го нарекуваа неговите блиски, меѓу своите колеги и пријатели ќе остане запаметен како прекрасен човек со високи морални вредности.

Погребот ќе биде утре на Светонеделските гробишта во 13 часот.

Следни Објави

Беше голем човек: Македонија тагува по еден од најдобрите

По кусо боледување денеска почина Проф. Д-р Божидар Маслинков, поранешен ректор на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ Битола, информира „Тера“. „Бог да го прости“, „Беше голем човек, еден од најдобрите луѓе“, „Голема загуба“.. Вака се простуваат од него на социјалните мрежи оние што го познаваа. Маслинков е роден на 18.12.1943 во Битола. […]