fbpx

Беше голем човек: Македонија тагува по еден од најдобрите

По кусо боледување денеска почина Проф. Д-р Божидар Маслинков, поранешен ректор на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ Битола, информира „Тера“.

„Бог да го прости“, „Беше голем човек, еден од најдобрите луѓе“, „Голема загуба“.. Вака се простуваат од него на социјалните мрежи оние што го познаваа.

Маслинков е роден на 18.12.1943 во Битола. По гимназиското образование се запишува на Природно-математичкиот факултет-Скопје (1966). Mагистрира на Хемиско-технолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје (1983). Докторира на Хемиско-технолошкиот факултет во Загреб (1992).

Неговата наставно-педагошката активност започнува во 1969. Избран за надворешен соработник на Педагошката академија во Битола, подоцна како професор на Вишата земјоделска школа и Вишата медицинска школа (1969).

Избран е за вонреден професор на Факултетот за учители и воспитувачи (1995).

Избран е за ректор на Универзитетот Св. Климент Охридски (1999-2003).

Има објавено повеќе од 20 трудови во Македонија и странство. Се пензионира во 2009година.

Следни Објави

Наша прва среќа: Маја Панчева емотивна, ќерката наполни 22 години (ФОТО)

Радосна вест на социјалните мрежи сподели пејачката Маја Гроздановска-Панчева. Таа објави семејна фотографија на „Фејсбук“, а поводот е роденденот на една од ќерките. „Среќен роденден Наденце, наша прва среќа“, напиша Панчева. Надица наполни 22 години. Таа неодамна дипломира на еден од приватните факултети во Скопје. Маја и Дарко Панчеви ја […]