fbpx

Два едноставни теста: Проверете дали имате здраво срце!

Проблемите со срцето најчесто се јавуваат кај оние кои претеруваат со масна и пржена храна, пушат, пијат алкохол, страдаат од стрес и несоница, едноставно практикуваат еден несоодветен начин на живот.

На оние, пак, кои веруваат дека нивното срце функционира нормално, им советуваме да направат два брзи теста преку кои можат да бидат посигурни дали тоа е навистина така.

ТЕСТ БРОЈ 1

Земете подлабок сад и наполнете го со ладна вода. Потопете ги рацете во него и држете ги така неколку минути. Кога ќе ги извадите добро погледнете ги: модри или многу бели раце се индикатор за лоша циркулација, а тоа може да биде добар знак дека срцевиот мускул не функционира нормално.

ТЕСТ БРОЈ 2

Легнете во кревет и во мирна положба измерете си го пулсот. Потребно е да ги броите отчукувањата во минута. Потоа, станете и направете го истото. Од последниот број одземете го првиот – разликата не смее да биде поголема од 10 до 12 единици. Ако ги има повеќе, можно е да имате проблеми со срцето.

Точната дијагноза може да ви ја одреди само лекар, па ако резултатите од овој домашен тест ви се лоши, веднаш закажете термин кај специјалист. Срцевите заболувања се сериозна работа, затоа внимавајте на себе.

Следни Објави

Остави три деца: Другарите не се помируваат со смртта на македонскиот музичар

На почетокот од април се наврши една година од прераната смрт на музичарот Денис Демиров (38). Еден од поомилените гитаристи на нашата естрада, инаку член на „Газоза бенд“, имал проблеми со висок крвен притисок и наводно починал во сон. „Разочарен сум, не можам да поверувам. Изгубивме голем човек, другар, пријател […]