На почетокот од април се наврши една година од прераната смрт на музичарот Денис Демиров (38).
Еден од поомилените гитаристи на нашата естрада, инаку член на „Газоза бенд“, имал проблеми со висок крвен притисок и наводно починал во сон.
„Разочарен сум, не можам да поверувам. Изгубивме голем човек, другар, пријател и брат. Изгубивме татко на три деца. Почивај во мир, Денис“, напиша еден од неговите пријатели на „Фејсбук“.
Демиров беше активен на сцената речиси две децени.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.